In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Марков манастир

Фурната и воденицата укажуваат на фактот дека во Марковиот манастир низ вековите постојано се живеело, а монасите им вршеле услуги на сите жители од околните села, со што и опстојувал манастирот. Така било со векови, но сега, поради современиот начин на живот, манастирот го изгубил своето економско значење. На времето црковниот имот се состоел од лозја, ливади и шуми, и од тоа се одржувал. Дополнителна убавина на манастирот дава и местоположбата, се наоѓа на релативно скришно и благоприајтно место, крај река, зеленило и многу сонце, а тоа се најдобрите услови за живот.

Со години овој манaстир бил полн со верници, особено за Митровден, кога е празник на црквата и кога доаѓаат верници и од други села од околината и од многу други градови од Македонија, организирано со автобуси или со автомобили. И денес, се уште доаѓаат луѓе кои оставаат подароци и палат свеќи. Ако некому му треба мир, сигурно дека ќе го најде тука.  Само што ќе се прекорачи прагот на портата, како да се случува пречекорување во некој поинаков енергетски предел, вон времето и просторот, како да се вдишува, вкусува видливата и невидливата сладост и убавина од никаде и од секаде наоколу. Едноставно целокупната тензија и оптеретеност што човекот го притискаат секојдневно за миг спласнуваат, се издишуваат, телото се чувствува полесно, а душата...Тоа само треба да се вкуси и доживее со обоженото срце.

Дури и оние почетниците нема да останат равнодушни од вдаховената молитва во текот на службата, на благата безусловна насмевка што сјае од целото битие на сестринството што живее таму. Тие само со појавата без и ниеден изречен збор го гушкаат посетителот. Колку ли живот таму и покрај целокупното тихување однадвор и одвнатре.

Манастирскиот комплекс го сочинуваат: добросочувана црква, старата манастирска трпезарија, конаците со убавите чардаци. Во манастирскиот двор се влегува преку старата висока дрвена двокрилна порта.

 

Со оглед на тоа што во манастирскиот комплекс сеуште нема можност за преспивање во конаците, освен ако немате викенд куќарка во селото, ќе морате да се задоволите со еднодневен излет и во доцните попладневни часови да се вратите во Скопје. Доколку сакате со градски автобус да стигнете до таму, ќе треба да направите трансфер до Драчево, а од таму да се префрлите на линијата со број 80 и тоа со следниов возен ред:

 

Тргнува од Драчево:

5,20; 6,40; 12,20; 13,40; 15,00

Тргнува од Цветово:

6,00; 7,15; 13,00; 14,20; 15,40

Од kralemarko.org.mk

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.