In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Манастир Трескавец

На околу 10км. од Прилеп, под самиот Златоврв, подигнат е манастирот Трескавец, со манастирската црква Успение Богодоричино. Необично е убав погледот наоколу од него затоа што оттука се гледа цела Пелагонија, планините Бабуна, Пелистер и Кајмакчалан, а навечер градовите Прилеп, Битола и Крушево.

Манастирот Трескавец претставува ерден сложен комплекс од разни градби, урнатини и доградби, кои до денес се уште не се доволно проучени. Меѓутоа, врз основа на малкуте податоци од литературата и најновите истражувања, се добива непотполна слика за манастирот Трескавец. Во еден фреско-натпис, кој се наоѓа над влезната врата на манастирот, се споменуваат византиските цареви Андроник II, и неговиот совладар Михајло IX. Тоа се, всушност, Милутин, царот Душан и неговиот син Урош се споменуваат во повелбите што ги издал Душан, како донатори на манастирот Трескавец.

Манастирот Трескавец се смета дека е подигнат во XIII век, а обновен, веројатно за време на царот Милутин. По се изгледа, манастирот претрпел уривање и запустел во првите години на XV век, поради што дошле и подоцнежните обновувања.

Денешната црква во основата има форма на еднократна градба, чија внатрешност расчленета со пиластри на неколку полиња - траеви. Централниот дел е надвишан со купола, а на исток е олтарната апсида која однадвор е тространа. Кон јужната страна на црквата била градба – пирг со приземна капела, што може да се види од зачуваниот ѕид на таа градба, кој всушност е источен ѕид на денешниот трем. Не е познато како можел да биде подигнат северниот параклис, но неколкуте сонди направени на овој дел од црквата покажаа дека под дебелиот слој малтер ѕидовите на параклисот, освен сводот, се покриени со фрески. Тоа покажува дека северниот параклис е живописан, веројатно во XIV век.


Манастир Св. Архангел Михаил (-/- )

Марков манастир (-/- )

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.