In order to view this page you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

ObjectX

  • IMG_1704.JPG

  • IMG_1769.JPG

  • IMG_1772.JPG

  • IMG_1777.JPG

  • IMG_1790.JPG

  • IMG_1794.JPG

  • IMG_1803.JPG

  • IMG_1737.JPG

  • IMG_3083.jpg

Завод и Музеј - Прилеп

Во 1955 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп е формиран Народниот музеј. Во почетокот активни се три одделенија: Одделение за археологија, Одделение за Историја и Одделение за етнологија. Со тек на време се формираат и сите останати денес активни одделенија.експонати од феноменологијата на тутунот

Со прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, освен музејската дејност институцијата врши и заштитна дејност.

Моментално во рамките на Завод и музеј - Прилеп работат следните одделенија:

  • Одделение за Историја
  • Одделение за Архитектура
  • Одделение за Историја на уметност
  • Оддeление за етнологија
  • Музеј на тутун

    Бонче (археолошки локалитет)

  • Спаница, осамени наоди од хеленистичкото и доцноантичкото време. Во близината на селото се најдени монети на Александар Македонски и Јован II Комнен. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.
  • Старо Бонче, некропола од хеленистичкото и римското време.
  • Црквиште, населба од хеленистичкото и римското време. Во непосредната близина на селото се најдени мермерна ара со грчки натпис, тркалезни тули, исто така со грчки натпис, антички монети и помали бронзени статуетки. На површината има остато¬ци од темели на објекти и многу градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

    Крушевица (археолошки локалитети)

  • Бабо – Калдрма, населба и некропола од римското време. На околу 1 km јужно од селото, на една блага височинка со зарамнето плато се гледаат големи грамади од кршен камен, градежна керамика и фрагменти од керамички садови, претежно со убава црвена боја. Во непосредната близина на теренот се наоѓаат корита вдлабени во карпа, кои веројатно биле гробови.
  • Градиште, рефугиум од доцноантичкото време. Во непосредната близина на селото, од југозападната страна, на блага височинка се среќаваат разурнати ѕидови и фрагменти од ќерамиди, а спорадично и од керамички садови.
  • Грамаѓе– Букло, населба од римското време. На 2 km јужно од селото, на блага височинка има грамади од кршен камен, расфрлен градежен материјал и фрагменти од керамички садови.
  • До селото, некропола од римското време. Во непосредната близина на селото, во нивите што се наоѓаат помеѓу локалитетот Страгата и патот за селото Чаништа има остатоци од некропола. Така, во нива уште пред Втората светска војна биле откопани надгробна стела, статуетка од бронза со претстава на богот Меркур, ламби и други наоди. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Прилеп.
  • Каве, населба и некропола од хеленистичкото и римското време. На 2,5 km западно од селото, на површините околу котата 1.472 се среќаваат остатоци од разурнати ѕидови, грамади од камен и еден затрупан бунар. На истиот простор има голема концентрација на гробови – корита издлабени во карпа.
  • Манастир Св. Недела, сакрален објект од старохристијанското време. Источно од селото, во непосредната близина на патот за селото Чаништа се наоѓа новата црква која, според кажувањето на жителите, била изградена врз темелите на постара црква. Во олтарот, кај чесната трпеза има профилирана база од мермер.
  • Падарница, тумул од железното време. На оддалеченост од околу 2,5 km јужно од селото, покрај патот за селото Чаништа има мал тумул со неправилна основа од 8 x 5 m и зачувана височина од 1-1,5 m, ограден со камени плочи на работ од основата и на врвот.
  • Страгата, тумул од железното време. Непосредно до селото, од источната страна се издига тумул висок 2-3 m и со пречник во основата од 15 m, кој во средишниот дел е оштетен од диво копање.
  • Црква Св. Архангел, осамен наод од римското време. Во самата црква се наоѓа дел од мермерно столпче со елипсовиден пресек, а во дворот делумно оштетена надгробна стела од мермер, со релјефна претстава на жена и дете.
  • Црквиште, сакрален објект од старохристијанското време. На 3 km североисточно од селото, од левата страна на патот за селото Чаништа има мала височинка со зарамнето плато, со простор од 10 x 10 m, на која се гледаат делови од ѕидови на објект граден од кршен камен и варов малтер, од кои најдобро се зачувани оние во северозападниот агол. Околу објектот има расфрлени камени плочи, а во непосредната близина е најдена ара изработена од локален камен.

Музеј за Тутун (-/- )

Музеј за Тутун

Маркови Кули (-/- )

археолошки пронаоѓалишта

Стибера (-/- )

археолошки пронаоѓалишта

Ридот Градок (-/- )

археолошки пронаоѓалишта

Марков Ѕид (-/- )

археолошки пронаоѓалишта

 
You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.